Корисничко име Лозинка Пријави се
28.9.2012

Тотенхем му го позајми Џенас на Нотингем форест

Фудбалерот од средниот ред на Тотенхем, Џермејн Џенас, ќе го помине следниот месец позајмен во англискиот второлигаш Нотингем форест, потврди клубот од Лондон.

Последниот натпревар за Тотенхем триесетгодишниот Џенас го одигра во април лани. Минатата сезона беше позајмен на Астон вила, но заемот беше предвреме прекинат откако ја повреди ахиловата тетива.
Нотингем форест е клубот во кој Џенас ја почна својата фудбалска кариера, а „шумарите“ се надеваат дека ќе го задржат и подолго од еден месец, по можност до крајот на сезоната, за да им помогне во борбата за враќање во елитната лига на англискиот фудбал. Во моментов Нотингем форест е на 11 позиција во англискиот Шампионат и има пет бодови заостанување зад првопласираниот Брајтон.

Најнови вести