Корисничко име Лозинка Пријави се
17.5.2011

Мекларен не сака да го преземе Вест хем

Стив Мекларен, поранешниот селектор на англиската фудбалска репрезентација, најави дека не е заинтересиран за водење на Вест хем од Лондон, кој следната сезона ќе игра во втората лига.

Со поразот во неделата на гости кај Виган (3-2), Вест хем и математички стана сигурен патник во втората лига. Раководството на клубот му даде отказ на израелскиот тренер Аврам Грант веднаш по натпреварот. Водењето на екипата привремено го презеде Кевин Кин. Се шпекулира дека Стив Мекларен, кој во текот на оваа сезона доби отказ во германскиот Волфсбург, е прв кандидат за клупата на Вест хем, меѓутоа, од тоа нема да биде ништо.

„Ми причинува задоволство што ме поврзуваат со Вест хем, голем клуб кој има големо значење во англискиот фудбал и фантастични навивачи. Меѓутоа, во овој момент не сум заинтересиран за таа работа. Но, на сите во Вест хем им посакувам сè најдобро во иднина“, рече Мекларен.

Најнови вести