Корисничко име Лозинка Пријави се
18.6.2015

Лестер отпушти тројца играчи

Тројцата играчи на Лестер, Том Хопер, Адам Смит и Џејмс Пирсон, синот на менаџерот Најџел Пирсон, вчера се отпуштени поради секси снимка со неименувана Тајланѓанка.

Снимката која дополнително е окарактеризирано како видео во кое жената е понижена и на расна основа бидејќи во еден дел било чуено како еден од тројцата играчи ја нарекува „косоока“ предизвика големи негодувања во англиската јавност.
Клубот донесол одлука да ги отпушти играчите по две седмици откако видеото, кое настанало во текот на турнејата на Лестер во Тајланд по сезоната, се појавило на социјалните мрежи.
Во образложението на клубот, чии сопственици се тајландски милионери, се наведува:
„Фудбалскиот клуб Лестер е многу свесен за позицијата во која се наоѓа и во која го доведоа играчите. Оваа одлука ја донесовме како претставници на градот, на Премиер лигата, на Фудбалскиот сојуз и на навивачите“.
„Нашиот клуб е посветен околу тоа секогаш да праќа позитивна порака за семејните вредности и еднаквоста на половите, но и на зачувувањето на традицијата и историјата што ги има овој клуб“.

Најнови вести