Корисничко име Лозинка Пријави се
11.8.2012

Белами во Кардиф, Ален претставен на „Енфилд“

Крег Белами замина од Ливерпул и потпиша двегодишен договор со англискиот второлигаш Кардиф, а „црвените“ го претставија своето второ засилување, Џо Ален кој дојде од Свонси.

Триесет и тригодишниот напаѓач се врати во клубот чиј дрес го носеше во сезоната 2010/11 кога беше позајмен фудбалер од Манчестер сити, а и мината сезона на „Енфилд“ постигна девет голови во сите натпреварувања.
Договорот го потпиша откако вчера успешно ги мина лекарските прегледи.
Тоа што беше најавено завчера се оствари и Џо Ален и официјално е нов фудбалер на Ливерпул. Англиските медиуми информираат дека Ален потпишал повеќегодишен договор со кој ќе заработува 45.000 фунти неделно. Тој е второто засилување за „црвените“ по италијанскиот напаѓач Фабио Борини кој дојде од Рома.
„Се чувствувам неверојатно. Сите ја знаат историјата на Ливерпул, тоа е голем клуб и одушевен сум што дојдов. Се радувам што ќе бидам тука во сјајните години кои му претстојат на Ливерпул“, изјави Ален, кој му се придружува на Брендан Роџерс кој му беше тренер и во Свонси.

Најнови вести