Корисничко име Лозинка Пријави се
28.2.2012

Ремзи ќе го пропушти дуелот со Костарика

Арон Ремзи, капитенот на репрезентацијата на Велс, ќе го пропушти пријателскиот натпревар со Костарика во Кардиф, кој утре ќе се одигра во чест на починатиот поранешен селектор Гери Спид.

Младиот дваесет и едногодишен играч за врска на Арсенал токму од Спид беше поставен за капитен во март минатата година, а оттогаш ги предводеше Велшаните во четири победи од пет натпревари.
Но Ремзи против Костарика нема да може да игра поради повреда на стапалото на ногата, со која се здоби на натпреварот од ФА купот против Сандерленд, но ќе биде присутен на стадионот.
„Арон нема да биде во тимот поради повреда, но ќе биде тука со нас за да му оддаде чест на покојниот селектор“, стоеше во соопштението на Велшката фудбалска федерација.
На овој натпревар како селектор своето деби ќе го има Крис Колмен, кој на местото на Ремзи како капитен ќе го назначи Крег Белами.

Најнови вести