Корисничко име Лозинка Пријави се
09.4.2012

Хамбургер до крајот на сезоната без Рајковиќ?

Хамбургер ќе мора да ја продолжи борбата за опстанокот во елитното друштво без столбот на одбраната Слободан Рајковиќ, кој на денешниот тренинг, најверојатно, ги искинал лигаментите на коленото.

Тој на утринскиот тренинг во судир со својот соиграч Томас Ринкон, најверојатно, го загуби остатокот од сезоната.
Првите информации од клубот велат дека се работи за скинати лигаменти на коленото, а деталните испитувања ќе се извршат во текот на овие неколку дена.
Хамбургер во моментов се наоѓа на четиринаесеттото место на табелата во Бундеслигата, само со два бода повеќе од местото кое води во разигрувањето за опстанок, додека, пак, има четири бода повеќе од местото кое води во втората лига на пет кола до крајот на првенството.

Најнови вести