Корисничко име Лозинка Пријави се
10.4.2012

Андоне повторно тренер на Клуж

Клуж, водечкиот тим во романското првенство, го отпушти тренерот Жорже Коста поради убедливиот пораз од Рапид Букурешт (0-5), а на негово место го постави Јоан Андоне.

„Беше тешко да се прифати такво понижување какво што доживеавме во саботата против Рапид. Решивме да направиме промени бидејќи ја посакуваме титулата. Искусниот Андоне е најдобро решение“, изјави претседателот Јулиј Мурешан.
Клуж е на добар пат да ја освои третата титула во Романија во историјата на клубот бидејќи има пет бодови повеќе од двата тима од Букурешт, Динамо и Стеауа.
Андоне еднаш веќе го предводеше овој клуб и со него во 2008 година ја освои двојната круна.
„До крајот имаме уште неколку тешки натпревари, но верувам дека ќе ја сочуваме предноста и ќе ја освоиме титулата. Затоа и го прифатив овој предизвик“, рече Андоне.

Најнови вести