Корисничко име Лозинка Пријави се
24.8.2018

Играчите со вода ги освежуваа навивачите

Фановите на Динамо направија огромна колона додека чекаа во ред да купат карта за дуелот со Јанг бојс

Хрватскиот првак Динамо има одлична можност да се пласира во групната фаза од Лигата на шампионите. „Модрите“ треба да го одиграат реваншот против Јанг бојс во плејофот за пласман меѓу најдобрите 32 екипи во Европа. Првиот меч во Швајцарија заврши 1-1, што значи дека хрватскиот тим има одлична можност да помине во главната фаза. 

Денеска започна продажбата на билетите за дуелот кој следната недела ќе се игра на „Максимир“. Навивачите на Динамо побрзаа да купат билет за најважниот меч во сезоната, па пред билетарата на стадионот се создаде голем ред. 
Топлото време создаваше проблем за навивачите, но тогаш се појавија играчите на Динамо.

Фудбалерите веднаш им поделија вода на навивачите да се освежат, покажувајќи дека се грижат за оние кои треба да направат победничка атмосфера на „Максимир“, на реваншот против Јанг бојс.

 

Најнови вести