Корисничко име Лозинка Пријави се
25.10.2014

Шахтар ја одбил Романија за Луческу

Челниците на Шахтар Доњецк го одбиле предлогот на Романската Фудбалска Федерација нивниот тренер Мирчеа Луческу да биде и селектор на Романија.

„Се состанавме со претседателот на РФФ, Разван Бурлеану, и му објаснивме дека Луческу не може да извршува две работи“, изјави генералниот менаџер на Шахтaр, Серхеј Палкин.
Романскиот стручњак има договор со украинскиот клуб до крајот на сезоната.
Селекторската функција на Романија остана испразнета минатата седмица кога Виктор Пицурка спогодбено ја прекина соработката по што го презема Ал Итихад.
Романија со Пицурка на клупата солидно стартуваше во квалификациите за Евро 2016 и е втора во групата Ф со седум бодови по три натпревари, два помалку од водечката Северна Ирска.
Според романските медиуми, функцијата селектор привремено ќе ја извршува Ангел Јорданеску кој е технички директор во РФФ.

Најнови вести