25.1.2012 Ватерполистите поразени и од Романците
Македонската ватерполо репрезентација ја загуби и последната шанса за место во квалификациите за олимписките игри откако денеска загуби од Романија со резултат 10-12.
Во првото
полувреме Романците успеаја да направат разлика, но нашите ватерполисти бргу се
соземаа и резултатски се вратија во игра, па на полувремето разликата за Романците
беше само еден гол.
Второто полувреме
македонските репрезентативци повторно паднаа во играта и веќе по првите шест
минути заостануваа шест гола. До крајот повторно се вратија во игра, дури и
имавме шанса за израмнување, но не ја искористивме и им дозволивме на Романците
да зголемат на два гола разлика, која до крајот успеаја да ја одржат.
На Македонија
сега ѝ останува да се бори за единаесеттото место на шампионатот, поточно претпоследното,
а противник ќе ни биде поразениот од натпреварот Шпанија и Турција.