Корисничко име Лозинка Пријави се
12.2.2013

Три години условна казна за Бекали поради киднапирање

Џиџи Бекали, сопственикот на романскиот клуб Стеауа, е осуден на тригодишна условна затворска казна поради тоа што во 2009 година незаконски држел во заложништво тројца луѓе.

Бекали по судската пресуда најави дека можеби со семејството ќе се исели од Романија.
Судејќи според полицискиот извештај, во јули 2009 година тројца луѓе се одведени во куќа во предградие на Букурешт, каде што Бекали три часа ги задржал бидејќи, наводно, му го украле автомобилот.
„Романија веќе не е сигурно место. Не сакам да видам како ми плачат членовите на семејството“, рече Бекали.
Тригодишната затворска казна му е изречена условно на период од осум години, а Бекали ќе биде должен секој трет месец да се јавува во полиција.
Стеауа во четврток го игра првиот натпревар од шеснаесетфиналето на Лигата на Европа против Ајакс. Стеауа е прва на табелата во романското првенство со 47 бодови, десет повеќе од второпласираната Астра Плоешти.

Најнови вести