Корисничко име Лозинка Пријави се
09.5.2014

Стеауа шампион на Романија по 25-ти пат

Фудбалерите на Стеауа ја одбранија шампионската титула во Романија, освојувајќи ја својата 25-та круна во историјата на клубот.

Стеауа со голот на Андреј Препелица по корнерот во финишот на првото полувреме ја совлада во гости Универзитатеа Клуж, па на три кола пред крајот се стекна со десет бодови повеќе од Петролул.
Клубот од Букурешт на 23-ти мај ќе има шанса да ја освои двојната круна по 17 години, затоа што игра и во финалето на Купот против Астра Плоешти.
Стеауа досега во шампионатот е поразена само еднаш, и тоа пред пет кола од Васлуј.
Оваа титула веројатно му го разубави денот на сопственикот Џиџи Бекали, кој служи тригодишна затворска казна поради финансиски малверзации.
Европскиот шампион од 1986 година е рекордер по бројот на шампионски титули во Романија, сега има седум трофеи повеќе од градскиот ривал Динамо.
Петролул и Астра се сигурни на второто и на третото место, коишто водат во Лигата на Европа, па во последните три кола само ќе водат борба за опстанок.
Елиминирана е само Корона Брашов, додека разликата меѓу деветтата Конкордија и 17-тиот Наводари е само шест бодови, па дури девет тимови ќе се борат да ги избегнат преостанатите три места коишто водат во понизок ранг.

Најнови вести