Корисничко име Лозинка Пријави се
21.5.2013

Претседателот на Стеауа е осуден на три години затвор

Џиџи Бекали, контроверзниот претседател на романскиот фудбалски клуб Стеауа, е осуден на затворска казна од три години поради финансиски малверзации, кои во овој случај не се директно врзани за Стеауа.

Во текот на вчерашниот ден Бекали е уапсен во аеродромот во Букурешт, пред да тргне на пат кон Израел, со личен авион.
Во судот во Букурешт се водеше случај против Бекали, кој е обвинет дека во текот на 1997 година незаконски дошол до сопственост на земјиште вредно 900.000 американски долари. Тоа земјиште Бекали го добил од тогашниот романски министер за одбрана, кој, исто така, е обвинет во овој случај.
Државата автоматски, според романските закони, ја презема контролата над имотот во сопственост на Бекали, но фудбалскиот клуб не е во негова сопственост, бидејќи тој дел од акциите ги префрлил на некои членови на семејството, како и на сопствените пријатели.
„Неверојатно, сè ми уништија. Таа размена се случи пред 16 години, а вечерва морам во затвор“, изјави Бекали.

Најнови вести