Корисничко име Лозинка Пријави се
13.12.2013

Стеауа рекордер – 23 натпревари без победа

Романската Стеауа го урна рекордот на Спартак Москва по бројот на одиграни натпревари во групната фаза на Лигата на шампионите без победа.

Некогашниот шампион на Европа во најелитното европско клупско фудбалско натпреварување нема победа на последните 23 последователни натпревари.
Последен во низата неуспеси беше гостувањето на Челзи во шестото коло од групата Е. Но, дека не е сè така црно говори и бројката од седум нерешени средби. Претходниот неславен рекорд го држеше Спартак – на 22 натпревари забележа пет ремија и 17 порази.
Стеауа последната победа ја оствари на 13 септември 2006 година кога го победи Динамо Киев на гости со 4-1. Романскиот тим сезонава во Лигата на шампионите освои само три бода, со три нерешени резултати и го заврши натпреварувањето на последното место во групата Е.

Најнови вести