Корисничко име Лозинка Пријави се
25.3.2013

Снајдер повреден, ќе ја пропушти Романија

Весли Снајдер, капитенот на репрезентацијата на Холандија, поради повреда ќе го пропушти квалификацискиот натпревар против Романија за Светското првенство 2014 година во Бразил.

Снајдер во петокот ги повреди препоните, во текот на првото полувреме од натпреварот со Естонија, во кој Холандија победи со 3-0.
Селекторот Луис ван Хал на местото на фудбалерот на Галатасарај го повика играчот на АЗ Алкмар, Адам Махер.
Дуелот меѓу Холандија и Романија се игра утре во 20.30 часот на „Амстердам арената“. „Лалињата“ се први во квалификациската група Д со сите пет победи, додека Романија се наоѓа на третата позиција и има десет бодови, колку што има и второпласираната Унгарија.
Турција е четврта со шест бодови, Естонија има три, додека последна е Андора, која нема освоено ниту еден бод.

Најнови вести