Корисничко име Лозинка Пријави се
14.2.2012

УЕФА ја потврди казната за Волос

Европската фудбалска асоцијација соопшти дека Арбитражниот суд во спортот ја отфрли жалбата на грчкиот клуб Волос.

Волос е исфрлен од Лигата на Европа бидејќи учествувал во наместени натпревари и е казнет со тригодишна суспензија од учество во какво било европско натпреварување.
Истрагата којашто беше спроведена во Грција покажа дека овој клуб бил вмешан во местење натпревари, а УЕФА го исфрли од натпреварувањето во август минатата година, ден пред одигрувањето на натпреварот со францускиот ПСЖ во плејофот.
Според правилата на Лигата на Европа, во ова натпреварување може да учествуваат тимови кои не учествувале во ниту еден скандал врзан за наместени натпревари во последните пет години, па така, сега Волос им се приклучи на Темишвар од Романија и Сион од Швајцарија, кои ја губат битката во судските процеси против УЕФА.

Најнови вести