Корисничко име Лозинка Пријави се
18.6.2012

Седумдесет и два гола на два натпревари во Романија

Додека Евро 2012 влегува во завршницата, во Романија се одигра баражот за пласман во повисок ранг, па Романците се надеваа дека местењето на натпреварите нема да биде забележано.

Нисколигашите Воинта Ланури и Пуешти пред последното коло се бореа за место кое води во повисок ранг, а на Пуешти ѝ била потребна победа со шест голови разлика.
Фудбалерите на Пуешти во последното коло го победиле Чеслау со 36-2, но ни оваа астрономска победа не им помогнала бидејќи нивниот ривал Воинта ја победила Пескарусула со 33-1!
По повод овој незапаметен случај се огласи и Фудбалската федерација на Романија, која ги дисквалификувала сите четири тима, па ѝ дала шанса на Униреја од Сталпу да се бори за бараж, но и таа одиграла натпревар против Вернести со сомнителен резултат 7-7.
Сопственикот на Воинта Ланус, Константин Крсте, изјавил дека неговата екипа не го наместила резултатот, туку дека неговите фудбалери имале мотив поради големите премии.
„Одлично, сега целата земја знае за нас. Публицитетот не се дели на лош или добар. Не им плативме на гостите да ни пуштат, моите момци имаа премија од 12 евра да победат! За разлика од нас, Пуешти им платил на нивните ривали 2.200 евра – тоа е вистинска мафија, а не ова што го направивме ние“, рекол Крсте.
На неговите зборови се надоврзал и тренерот Тасе Лаптоја:
„Моите играчи зборуваа со противничките фудбалери и побарале да им пуштат, но само откако чувме со колкава разлика води Пуешти на полувреме. Ние немаме пари да ги потплатиме противниците. Одлучивме да играме по нивните правила, па не сме глупави“, изјавил Лаптоја.

Најнови вести