Корисничко име Лозинка Пријави се
24.7.2013

Баптиста ја напушти Малага и премина во Крузеиро

Бразилскиот напаѓач Жулио Баптиста ги напушти редовите на Малага и му се придружи на бразилскиот Крузеиро, потврди шпанскиот клуб.

„Баптиста и Малага се договорија да го раскинат договорот за да може на играчот да му биде овозможено да ја продолжи својата кариера во Крузеиро“, се вели во соопштението на Малага.
Баптиста му се придружи на андалузискиот клуб во јануари 2011 година и играше клучна улога во спасувањето на Малага од испаѓање од Примера лигата на крајот на сезоната 2010/11.
Триесет и едногодишниот напаѓач имаше проблеми со повреди и последната сезона само 18 пати настапи за Малага, која играше во четврт-финалето на Лигата на шампионите и на крајот заврши на шестото место во Примера лигата.
Баптиста, кој кариерата ја почна во Сао Пауло, во Бразил се враќа по десет години поминати во Европа, каде што, исто така, играше за: Севилја, Реал Мадрид, Арсенал и Рома.

Најнови вести