Корисничко име Лозинка Пријави се
06.8.2018

Шкендија против Ц. Звезда за влез во групите од Лигата на шампиони?

Денеска точно на пладне ќе биде ждрепката за плеј-оф дуелите во елитната лига на УЕФА

Македонскиот првак Шкендија може да игра против српскиот шампион Црвена Звезда, доколку се поклопат неколку работи. Шкендија ќе игра во третото квалификациско коло од Лигата на шампионите, каде за противник го има Ред Бул Салцбург. 
Доколку тетовци успеат да направат чудо и да го елиминираат овој ривал, Шкендија ќе биде во улога на носител во последниот филтер за влез во групната фаза од Лигата на шампионите.  Денеска точно на пладне ќе се знаат плеј-оф двојките за влез во елитната Лига на шампиони.
Ако биде елиминиран Ред Бул Салцбург, Шкендија може во плеј-офот да игра против: победникот од Карабах – БАТЕ Борисов, подобриот од Малме – Види, Јанг Бојс или подобриот од двомечот меѓу Црвена Звезда – Спартак Трнава. 
Сепак, пред да се мисли на плеј-оф ривалот, Шкендија прво ќе мора да направи сензација и да го елиминира Рад Бул Салцбург, кој е во улога на носител. Доколку Шкендија биде елиминирана од австрискиот ривал, тогаш тетовци ќе продолжат во плеј-офот за пласман во групната фаза од Лигата на Европа.

 

Најнови вести