06.6.2013 Христо Стоичков нов тренер на ЦСКА Софија
Димитар Борисов, сопственикот на фудбалскиот клуб ЦСКА Софија, вчера објави дека легендарниот Христо Стоичков е нов тренер на неговата екипа.
„Сè сме договориле. Деталите на конечниот договор ќе бидат решени во наредните неколку дена, по неговото враќање од САД“, изјави Борисов за бугарските медиуми.
На 47-годишниот Стоичков ЦСКА Софија ќе му биде петти клуб во тренерската кариера, а втор последователен во Бугарија. Поранешниот играч на овој клуб го тренираше Литекс Ловеч од 2012 година, а претходни работеше и како тренер на Мамелоди Сандаунс, Селта од Виго, како и селектор на Бугарија.