Корисничко име Лозинка Пријави се
31.3.2012

Стилјан Петров има акутна леукемија

Капитенот на Астон вила, бугарскиот интернационалец Стилјан Петров, боледува од акутна леукемија, објави неговиот клуб.

Во соопштението на клубот од Бирмингам се вели дека триесет и двегодишниот фудбалер од средниот ред после минатонеделната средба со Арсенал добил грозница. По извршените медицински прегледи дијагностициран е со тешката болест.
„Очекуваме во брзо време да дознаеме повеќе за неговата состојба. Ќе му пружиме целосна поддршка нему и на неговото семејство. Од Астон вила ќе го добие секој грам љубов и внимание за да му помогнеме да ја доведе оваа ситуација до позитивен исход“, се вели во соопштението на клубот.
Стилјан Петров во кариерата играше за ЦСКА Софија и Селтик од кој во 2006 дојде на „Вила парк“. За бугарската репрезентација одигра 105 натпревари на кои постигна осум голови.

Најнови вести