Корисничко име Лозинка Пријави се
05.1.2013

ЦСКА Софија го смени тренерот Младенов

По слабиот прв дел од сезоната во бугарското фудбалско првенство, гигантот ЦСКА од Софија го смени тренерот Стојчо Младенов.

„Сменет сум, таква е одлуката на клупската управа“, изјави Младенов кој во март минатата година го почна својот трет мандат на клупата на клубот, но не успеа да ги донесе саканите резултати.
По 15 одиграни кола во бугарското првенство ЦСКА е на четвртата позиција со 29 бодови, девет помалку од водечкиот Лудогорец.
Последната титула од вкупно 31 најтрофејниот бугарски клуб ја освои во 2008 година.