Корисничко име Лозинка Пријави се
26.3.2012

Костов ја напушти клупата на Левски

Левски Софија остана без тренер откако Николај Костов поднесе оставка од својата должност.

„Левски не играше според моите очекувања и резултати, а играчите не одговараа на моите цели коишто им ги поставив кога ја презедов функцијата. Тоа е главната причина поради која одлучив да го напуштам местото прв тренер на Левски“, ја објасни Костов својата одлука.
Управата на моментно третопласираниот тим во бугарскиот шампионат засега не ја коментираше одлуката на тренерот, ниту, пак, именувала негов наследник.
Капката која ја прели чашата за заминување од клупата, очигледно, беше вчерашниот пораз на домашен терен од Минјор Перник, кој ги разбесни домашните навивачи, а поради кој Левски сега заостанува три бода зад водечката ЦСКА Софија.