06.7.2011 Динамо го освои Супер купот на Украина
Фудбалерите на Динамо Киев на одличен начин ја отворија новата сезона, со освојување на националниот Суперкуп. На стадионот во Ворскла со 3-1 го совладаа најголемиот ривал Шахтар.
Со голот на Олег Гушев од пенал, Динамо поведе уште во петата минута, а
девет минути подоцна Фернандињо изедначи. Екипата од Киев до новото водство дојде
во триесет и втората минута, кога Папа Диаките одлично го искористи
нафрлувањето од десната страна и со глава го погоди долниот десен агол на
Шахтар. Точка на натпреварот и победа на Динамо стави Артем Милевски по одлично
изведената контра на осум минути до крајот.
За Динамо ова е петта титула во националниот Суперкуп, прва по 2009 година,
додека пак Шахтар остана со четири титули.