Корисничко име Лозинка Пријави се
20.9.2017

Дарио Срна падна на допинг-тестот

Дарио Срна, капитенот на фудбалерите на Шахтар, паднал на допинг-тестот по натпреварот против Наполи во Лигата на шампионите, пренесуваат украинските медиуми.

Шахтор сè уште нема ништо објавено на неговата официјална интернет-страница, а ниту луѓето од УЕФА не сакаат да ги коментираат информациите дали наодите на Срна покажале дека користел недозволени супстанции.
„Не ги коментираме случаите пред конечната одлука на нашите дисциплински тела“, изјавија кратко од УЕФА.
Триесет и петгодишниот хрватски ветеран ги одигра 90-те минути во победата над Наполи, а потоа го пропушти гостувањето во Одеса кај екипата на Черноморец во украинскиот шампионат.
Тренерот Пауло Фонсека изјави дека Срна отсуствувал поради замор и дека одлучил да го одмори.
Срна ја игра 14-тата сезона во Шахтар, тој е легенда на клубот и фудбалер со најмногу настапи (526), но и за репрезентацијата на Хрватска (134).

Најнови вести