26.2.2018 Сити остана без Фернандињо
По првиот трофеј на „Етихад“, Пеп Гвардиола има нова главоболка.
Манчестер сити рутински го совлада Арсенал во финалето на Лига купот со 3-0. Но Фернандињо мораше да го напушти теренот на почетокот на второто полувреме, а го замени Бернардо Силва.
Според последните информации, Бразилецот доживеал повреда на задниот дел на бутниот мускул, а Гвардиола на конференцијата за медиумите изјави дека поранешниот играч на Шахтар дефинитивно ќе пропушти неколку наредни натпревари.
„Мислам дека Фернандињо ќе пропушти неколку наредни натпревари. Ќе видиме утре колку е тешка повредата, но ова сигурно е многу силен удар за нас“, изјави Гвардиола.
Сè уште не се знае колку долго ќе отсуствува Бразилецот, но според зборовите на Гвардиола, повредата не е толку безопасна.
Она што е добро за „граѓаните“ е тоа што речиси ја резервираа картата за четврт-финалето на Лигата на шампионите, откако во првиот натпревар го совладаа Базел со 4-0, додека во Премиер лигата имаат 13 бодови повеќе од второпласираниот Јунајтед и натпревар помалку од градскиот ривал, па ќе може да си дозволат неколку натпревари без важен играч каков што е Фернандињо.