Корисничко име Лозинка Пријави се
07.10.2014

Јокановиќ четврти тренер на Ватфорд во 37 денови!

Четириесет и шестгодишниот Славиша Јокановиќ, поранешниот тренер на шпанскиот Еркулес, на клупата на Ватфорд ќе го замени Били Мекинли, кој само осум денови ја извршуваше функцијата менаџер, пренесува Би-би-си.

Некогашниот шеф на стручниот штаб на Партизан пролетта во минатата сезона потпиша договор со Еркулес, со кого не обезбеди опстанок во Сегунда лигата.
Поранешниот југословенски репрезентативец стана четврти тренер на овој второлигаш само за 37 денови. Мекинли го замени Оскар Гарсија, кој имаше проблеми со срцето, а овој пред тоа ја презеде палката од Џузепе Санино.
Јокановиќ како играч ги носеше дресовите на: Војводина, Партизан, Овиедо, Тенерифе, Ла Коруња, Челзи и Мурсија, а покрај белградските „црно-бели“ и шпанскиот Еркулес, ги тренираше и тајландскиот Муантонг јунајтед и Левски од Софија.


Најнови вести