Корисничко име Лозинка Пријави се
21.2.2017

Игало во Кина да помогне на деца без родители

Одион Игало, поранешниот фудбалер на Ватфорд, е еден од ретките фудбалери коишто ги прифатија кинеските пари од хуманитарни причини.

Има многу критики на сметка на играчите коишто во најдобрите години ја напуштаат Европа и заминуваат во Кина за нереални високи парични суми.
Но, малкумина се оние коишто ќе се осудат да го критикуваат Нигериецот кога ќе ги слушнат причините поради кои тој ја напушти Премиер лигата.
Тој оваа зима го напушти Ватфорд и потпиша за Чангчун Јатај, каде што седмично заработува 190 илјади фунти, но парите не се причината за неговото заминување.
Напаѓачот со заработените пари сака да ѝ помогне на заедницата во која е роден и во која пораснал. Игало доаѓа од Ајегунле, предградие на нигерискиот главен град Лагос кое е познато по голем криминал и нечистотија.
„Планирам да отворам дом за деца без родители во Лагос. Луѓето ме замолија да го направам тоа. Им помагам откако ги заработив првите вистински пари. Не сум милионер, но имам сосема доволно пари за да им помогнам на другите“, изјави Нигериецот.

Најнови вести