Корисничко име Лозинка Пријави се
02.5.2017

Клоп кон играчите: Ако сакате да ме убиете...

Јирген Клоп, менаџерот на Ливерпул, се пошегува со неговите играчи по натпреварот со Ватфорд.

Ливерпул победи со 1-0 со мајсторскиот гол на Емре Џан и го зајакна неговото место во борбата за Лигата на шампионите наредната сезона, но крајот на натпреварот му припадна на Ватфорд.
Себастијан Предл во продолжението на времето ја погоди пречката на голот на Ливерпул. „Црвените“ поминаа без примен гол, а Клоп по натпреварот во соблекувалната им рекол на играчите : „Ако сакате да ме убиете, ова е добар начин да се обидете да го направите тоа“.
Клоп изјави дека Ватфорд за 97 минути се обидел да направи сè, а дека една грешка на Ливерпул можела да доведе до примен гол. Според неговите зборови, тоа е фудбал на највисоко ниво.
„Мислам дека почувствував нешто во предел на градите. Беше лудо, минимум 500 милиони бели влакна на главата“, изјави менаџерот на Ливерпул.
Клоп додаде дека неговата екипа не играла совршено, но дека неговите играчи ја заслужиле победата со малку среќа.
Ливерпул во недела ќе игра против Саутхемптон, а Клоп изјави дека „црвените“ ги чека уште еден тежок натпревар.

 

Најнови вести