Корисничко име Лозинка Пријави се
31.1.2017

Игало и Пато отидоа во Кина

Одион Игало, напаѓачот на Ватфорд, донесол одлука кариерата да ја продолжи во кинеската Супер лига, во Чангчун.

Според англиските медиуми, 27-годишниот фудбалер неодамна го заврши медицинскиот преглед во Лондон. Се споменува дека оштетата изнесува 23,5 милиони евра.
Репрезентативецот на Нигерија во Ватфорд стигна 2014 година и за клубот одигра 99 натпревари и постигна 36 погодоци. Речиси во ист момент, уште еден познат фудбалер објави дека кариерата ќе ја продолжи во најмногубројната држава на светот.
Бразилскиот напаѓач Алешандре Пато денес го потврди својот трансфер во кинеската Супер лига.
Овој 27-годишен играч од шпанскиот Вилјареал направи трансфер во кинескиот Тијанџин за оштета од 18 милиони евра и годишна заработка од шест милиони.
„Се радувам што ќе бидам дел од семејството во Тијанџин“, изјави Пато во коментар на сликата на која е во дресот на кинескиот клуб со тренерот Фабио Канаваро.
Своето име го изгради во Милан, кој летото 2007 година го откупи за 22 милиони евра – најголем износ некогаш платен за младински играч. За „росонерите“ одигра 117 натпревари и постигна 51 гол.

 

Најнови вести