04.5.2017 Коста потпишал преддоговор со Кинезите
Напаѓачот на Челзи, Диего Коста, потпишал преддоговор со кинескиот прволигаш Тијанџин.
Според неофицијални информации, напаѓачот би требало да заработува 30 милиони евра, а Челзи би заработил 90 милиони евра како оштета.
Коста во Челзи направи трансфер од Атлетико Мадрид летото 2014 година. Оттогаш на 115 официјални натпревари постигна 57 голови.
Во Тијанџин играат Аксел Вицел и Алешандре Пато, а тренер е легендарниот Фабио Канаваро.