Корисничко име Лозинка Пријави се
23.8.2012

Пато повторно повреден

Алешандре Пато, 22-годишниот бразилски напаѓач на Милан, уште еднаш се повреди, и тоа само четири дена пред почетокот на новата сезона на италијанското фудбалско првенство.

Во текот на вчерашниот тренинг Пато доби удар во левиот адуктор, но засега сè уште не е познато колку е тешка повредата и дали го чека Бразилецот нова долга пауза.
„Милан може да потврди дека во текот на вчерашниот тренинг-натпревар Алешандре Пато пријави проблем со левиот адуктор. Во следните денови ќе му бидат направени дополнителни лекарски прегледи за да се открие тежината на повредата“, објави италијанскиот клуб.
Пато поради серијата повреди минатата сезона успеа да настапи на само 11 натпревари за Милан во италијанското првенство.

Најнови вести