Корисничко име Лозинка Пријави се
03.1.2017

Вицел: Тешка е одлуката да одам во Кина

Наместо во Јувентус, белгискиот фудбалер Аксел Вицел изјави дека одлучил да замине во Кина и дека не било лесно да ја донесе таа одлука.

Дваесет и седумгодишниот фудбалер сакаше да го напушти Зенит и да направи трансфер во некој поголем клуб. Но повторно, високата понуда беше најсилна, па во Тијанџин тој ќе има плата од 18 милиони евра годишно.
„Тоа беше многу тешка одлука, бидејќи сакав да одам во голем клуб како што е Јувентус. Но, семејството е на прво место и во разговорот со нив, не можев да ја одбијам оваа понуда“, изјави Вицел.

 

Најнови вести