Корисничко име Лозинка Пријави се
01.8.2017

Манчини доведе Аргентинец од Лион

Емануел Мамана, досегашниот стопер на Олимпик Лион, направи трансфер во екипата на Зенит од Санкт Петербург.

Мамана потпиша петгодишен договор со Зенит, кој ова лето го презеде Роберто Манчини, а трансферот изнесува 16 милиони евра.
Аргентинскиот фудбалер минатото лето дојде во Лион од Ривер плате за 7,5 милиони. Мамана (21) минатата сезона одигра 17 натпревари за францускиот клуб во Лига 1.
Манчини одбраната на неговиот тим прво сакаше да ја засили со Костас Манолас, дефанзивниот играч на Рома, но Гркот не сакаше да ја прифати платата која му ја нудеше рускиот клуб.
Пред Мамана, во Зенит стигнаа Леонардо Паредес (Рома, 23 милиони), Себастијан Дријуси (Ривер плате, 15), Далер Курзајев (Ахмат Грозни, 4), Денис Терентјев (Ростов,2), Кристијан Нобоа (слободен), Дмитри Полоз (слободен), Александар Јерокин (слободен).

Најнови вести