Корисничко име Лозинка Пријави се
22.8.2018

Даваше по 55 поени во НБА, заврши во Зенит

Клубот од Санкт Петербург доби звучно засилување од Милвоки бакс. Џенингс во НБА одигра 555 меча

Брендон Џенингс потпиша договор со рускиот Зенит и треба да биде големо засилување за бековската линија на клубот кој во претстојната сезона ќе учествува во Еврокупот и ВТБ-лигата. 
Џенингс беше десетти пик на НБА-драфтот во 2009 година и како дебитант во дресот на Милвоки бакс, на својот седми меч во најсилната лига против Голден стејт постигна дури 55 поени, привлекувајќи го вниманието. Тој со 20 години и 52 дена е најмладиот играч кој во НБА дал барем 50 поени. 
За Џенингс играњето во Европа не е новина. Тој како млад, во 2008/09, го носеше дресот на римска Лотоматика. Во краток период од минатата сезона, Џенингс беше во Бакс, а сега се сели во Русија, и тоа во клубот чиј дрес во претходната сезона го носеше натурализираниот македонски репрезентативец Шејн Витингтон. 
Во дресот на Зенит, 28-годишниот Џенингс се надева дека ќе докаже дека не е само „поранешен НБА-играч“. Милвоки на први август се откажа од Џенингс и на надворешните позиции ќе се потпре на Делаведова, дебитантот Ди Винченцо, како и резервите Дувал, Бледсо и Брогдон. 

 

Најнови вести