Корисничко име Лозинка Пријави се
27.2.2017

Малер за Ватфорд, искусниот напаѓач ја заврши сезоната

Како што пренесува Би-би-си, Валтер Мацари веројатно нема да може да смета на искусниот офанзивен играч ниту на стартот на наредната сезона.

Ватфорд добро го засили нападот во јануари, доказ за тоа се и сè подобрите резултати на тимот, па по ремито со Вест хем во минатото коло, клубот се наоѓа на 12-тото место на табелата во Премиер лигата.
Во јануари во Ватфорд стигнаа Мбаје Нијанг од Милан и Маурио Зарате од Фиорентина, а вториот токму на натпреварот со „чеканите“ заработи тешка повреда на лигаментите.
Зарате всушност ги скина предните вкрстени лигаменти, а доживеа и повреда од прв степен на медијалните колатерални лигаменти.
Првата повреда ќе мора да се лекува оперативно, па се проценува дека Аргентинецот ќе мора да паузира повеќе од шест месеци.
Јасно е дека поради оваа тешка повреда за него сезоната е завршена, се поставува само прашањето кога воопшто ќе биде подготвен да се врати на теренот.

Најнови вести