23.9.2013 Марсеј десет дена без Жињак
Андре-Пјер Жињак, напаѓачот на Марсеј, ќе паузира до десет дена поради повреда на стапалото.
Поради повредата Жињак следната недела најверојатно нема да игра на натпреварот од Лигата на шампионите со Борусија од Дортмунд.
Марсеј, кој е четвртопласиран во Лига 1 со 11 бодови од шест натпревари, дефинитивно ќе биде без Жињак на утрешниот домашен натпревар против Сент Етјен, како и на средбата против Лориен во сабота.
Францускиот клуб ќе игра со Борусија на први октомври и двата тима се во поход по првите бодови во Лигата на шампионите во групата Ф.