Корисничко име Лозинка Пријави се
27.10.2016

Лига куп: Вест хем ќе гостува на „Олд Трафорд“

Откако во осминафиналето во Лига купот го елиминираа градскиот ривал Манчестер сити, фудбалерите на Манчестер јунајтед во наредната фаза ќе играат со Вест хем.

„Чеканите“ ќе гостуваат на „Олд Трафорд“ откако претходно го елиминираа Челзи. Ливерпул, кој беше подобар од Тотенхем, овој пат извлече малку полесен ривал. На „Енфилд роуд“ доаѓа Лидс.
Парови во четврт-финалето:
Манчестер јунајтед – Вест хем
Ливерпул – Лидс
Хал – Њукасл
Арсенал – Саутхемптон
Натпреварите на програмата се играат на 29-ти и на 30-ти ноември.

Најнови вести