Корисничко име Лозинка Пријави се
08.6.2015

Чави: Крај како од бајките

Чави Ернандес на совршен начин се збогува од Барселона, својата 24-годишна кариера на „Камп ноу“ ја круниса со нова шампионска титула на Европа.

По речиси четврт век, 828 натпревари, 87 голови и точно 25 трофеи, ја заврши својата мисија во дресот на каталонскиот клуб.
„Нема зборови со кои би го опишал ова, ова е спектакуларно. Не можам да барам повеќе од ова. Да си одам на ваков начин, со Лигата на шампионите, со тројната круна. Веќе чувствувам носталгија бидејќи знам дека повеќе нема да играм за овој тим. Тешко е, но среќен сум поради начинот на којшто завршив“, изјави Чави.
Чави нема да го напушти фудбалот, ќе се пресели во Катар, каде што ќе игра барем три сезони, а потоа веројатно ќе стане тренер, можеби дури и селектор на идниот домаќин на Мундијалот.
Ернандес во своите 34 години живот, а 18 години професионална кариера, освои повеќе трофеи отколку Челзи за 110 години постоење.

Најнови вести