Корисничко име Лозинка Пријави се
15.7.2013

Зарате се врати во клубот каде што ја почна кариерата

Мауро Зарате, досегашниот играч на Лацио, кариерата ќе ја продолжи во Велес Сарсфилд, во клубот каде што ја почна фудбалската кариера, соопшти аргентинскиот клуб.

Тој во 2007 година се пресели од Аргентина во Ал Сад, а една година подоцна прејде во Лацио, каде што и покрај повремените блесоци не успеа да се избори за место во првиот состав на римскиот клуб.
Предминатата сезона беше на заем во Интер, а во минатата одигра само седум натпревари за Лацио и постигна еден погодок.

Најнови вести