Корисничко име Лозинка Пријави се
06.1.2015

Обрван ги објави ракометарите СП во Катар

Ивица Обрван, селекторот на машката ракометна репрезентација на Македонија, го објави списокот со 18-те ракометари коишто ќе играат на Светското првенство во Катар и на турнирот во Франција.

По тренингот што беше одржан вчера, од списокот отпаднаа Гоце Ојлески и Никола Стојчевски, а Филип Талевски е префрлен во јуниорската селекција.
Осумнаесетте ракометари коишто ќе настапат на Светското првенство во Катар се: Борко Ристовски, Петар Ангелов, Никола Митовски, Дејан Манасков, Владо Недановски, Златко Мојсоски, Гоце Георгиевски, Ванчо Димовски, Столе Стоилов, Никола Маркоски, Кире Лазаров, Ренато Вугринец, Филип Лазаров, Наумче Мојсовски, Филип Миркуловски, Немања Прибак, Ацо Јоноски и Велко Маркоски.
Нашите репрезентативци на осми јануари ќе отпатуваат во Франција, каде што во Нант ќе играат два натпревари, а потоа, во зависност од резултатот, ќе се сретнат со Франција или со Аргентина.

Најнови вести