Корисничко име Лозинка Пријави се
15.1.2015

Денес стартува ракометниот Мундијал во Катар

Доха, главниот град на Катар, од денес, па до први февруари ќе биде домаќин на 24-тото Светско првенство во ракомет за мажи.

Македонските ракометари и уште 23 репрезентации ќе ја почнат борбата за освојување на титулата на ова првенство.
Нашите ракометари се подготвени да го дадат својот максимум и да го имаат својот најдобар настап на Светското првенство. Македонија има висока цел – да се пласира меѓу осумте најдобри селекции и да оствари можност за да учествува на Олимписките игри.
Македонската репрезентација својот прв натпревар го игра утре, во 15 часот, против селекцијата на Тунис. Во нашата група покрај Тунис, се уште репрезентациите на: Иран, Босна и Херцеговина, Хрватска и Австрија.
На Мундијалот правдата ќе ја делат 18 судиски двојки, а меѓу нив се и нашите претставници Ѓорѓи Начевски и Славе Николов.
Фаворити на Светското првенство во Катар се Франција, Данска и Хрватска, а бранител на титулата е репрезентацијата на Шпанија.
Шампионатот ќе се отвори вечерва во 18.30 часот, со средбата меѓу домаќинот Катар и Бразил, додека сите останати натпревари почнуваат од утре.
Распоред на натпреварите на Македонија:
16. јануари 15.00 часот: Македонија - Тунис
17 јануари 17.00 часот: Македонија – Иран
19 јануари 17.00 часот: Македонија – Босна и Херцеговина
21 јануари 17.00 часот: Македонија – Хрватска
23 јануари 17.00 часот Македонија – Австрија
Сите натпревари ќе се играат во Доха, главниот град на Катар, а трите сали во коишто репрезентациите ќе си ги одмерат силите се: „Лусаил спортс арена“, која собира 15.300 гледачи, потоа во „Али Бин Хамад ал-Атијах спорт сала“, со капацитет од 7.700 седишта и „Духаил спортс сала“, која собира 7.700 навивачи.

Најнови вести