Корисничко име Лозинка Пријави се
16.6.2014

Македонија ја декласира Грција и се пласира на СП во Катар

Со победата од 35-23 против Грција на реванш-натпреварот во СЦ „Борис Трајковски“, ракометната репрезентација на Македонија се пласира на Светското првенство во Катар.

Нашите репрезентативци почнаа фуриозно уште од почетокот на средбата, предводени од Кире Лазаров и Борко Ристевски, и лесно дојдоа до голема предност, кој ја задржаа до самиот крај.
На дуелот капитенот Лазаров беше најдобриот стрелец со десет голови, а Прибак и Георгиевски имаа по четири реализации.
Македонија продолжува да биде дел од најголемите натпреварувања во ракометот, како што е и Мундијалот во Катар.
Покрај Македонија, учество на Мундијалот во Катар 2015 година од европската зона обезбедија и репрезентациите на: Австрија, Русија, Чешка и Полска, Шведска, Белорусија, Словенија и Босна и Херцеговина, а изненадувачка е елиминацијата на репрезентациите на Германија, Исланд, Унгарија, Црна Гора и Србија.


Најнови вести