Корисничко име Лозинка Пријави се
08.1.2014

ФИФА: Нема одлука за терминот на Светското првенство 2022

Одлука за дефинитивно поместување на Светското првенство 2022 во Катар не е донесена, соопшти попладнево ФИФА.

Светската куќа на фудбалот на тој начин го демантираше тврдењето на сопствениот генерален секретар Жером Валке.
Денес Валке за Радио Франција изјави дека најголемото светско натпреварување сигурно нема да се игра во јуни и јули.
„Светското првенство сигурно нема да се игра во јуни и јули. Мое мислење е дека ќе биде одржано меѓу 15-ти ноември и 15-ти јануари. Временските услови во Катар тогаш ќе бидат најповолни, бидејќи температурите во просек се околу 25 степени. Тоа се идеални услови за фудбал“, изјави Валке.
Меѓутоа, веднаш по интервјуто реагираше ФИФА, чиј портпарол настапот на Валке го опиша како изразување сопствено мислење, а не став на организацијата.
„Конкретниот термин на натпреварувањето сè уште е предмет на комплексни консултации во кои учествуваат најголемите фактори во светскиот фудбал – конфедерациите, националните сојузи, лигите, клубовите, играчите, како и комерцијалните партнери на ФИФА. Бидејќи до одигрувањето на натпреварувањето има повеќе од осум години, нема да брзаме со одлуката, го имаме неопходното време за најдобар можен договор, бидејќи мора да ги земеме предвид сите елементи кои се важни за одлуката“, стои во соопштението на ФИФА.
„Во секој случај, Извршниот комитет на ФИФА нема да донесе дефинитивна одлука пред Светското првенство во Бразил ова лето“, пишува во соопштението.
Сите досегашни светски првенства се играни во мај, јуни и јули, но неподносливите жештини кои владеат во Катар во текот на летото би можеле да го загрозат здравјето на играчите и навивачите.

Најнови вести