Корисничко име Лозинка Пријави се
05.9.2018

Гриезман: Заслужив да бидам меѓу тројцата најдобри

Ѕвездата на Атлетико и на Франција во 2016 беше во Топ 3, а тогаш помалку заслужил отколку во 2018

Антоан Гриезман, кој во 2018 година беше предводник на француската репрезентација до светската титула и на Атлетико Мадрид до трофеите во Лигата Европа и во Суперкупот на Европа, смета дека годинава повеќе заслужил да биде меѓу тројцата најдбори фудбалери на светот отколку во 2016 година, кога влезе во најтесниот избор на ФИФА. 

Овој 27-годишен напаѓач беше и трети во гласањето за најдобар играч на СП во Русија, зад Лука Модриќ и Еден Азар. Но, сите овие признаија не беа доволни да се најде меѓу тројцата кандидати за Златната топка. Фудбалер на годината ќе биде Кристијано Роналдо, Лука Модриќ или Мохамед Салах. 

„Заслужив да бидам меѓу тројцата најдобри. Во 2016 ги загубив финалињата на ЕП и на Лигата на шампионите, а годинава победив во три финалиња. Затоа мислам дека сега повеќе заслужив отколку тогаш кога ме сместија. Изненаден сум и разочаран што нема ниту еден Французин на кратката листа. Ова е награда на ФИФА, која го организира СП. Изненадувачки ми е изборот, но што е, тука е“, изјави Гриезман, кој и во финалето на Мундијалот даде гол, од пенал, во триумфот над Хрватска од 4-2.

Најнови вести