Корисничко име Лозинка Пријави се
08.11.2017

Атлетико го губи трпението со Гриезман

Според шпанските медиуми, Антоан Гриезман оваа сезона игра разочарувачки во дресот на Атлетико и челниците на мадридскиот клуб полека го губат трпението.

Репрезентативецот на Франција ова лето потпиша нов договор со „јорганџиите“, во којшто клаузулата за трансфер му се зголеми од сто на двесте милиони евра.
Но, луѓето во клубот се многу незадоволни од неговите партии оваа сезона, тој постигна само два гола на девет одиграни натпревари во Ла Лига.
Диего Коста и Витоло ќе го засилат клубот во јануари следната година, што значи конкуренцијата во нападот на клубот од Мадрид уште повеќе ќе се засили.
Исто така, нереално е да се очекува дека Гриезман би можело да го напушти Атлетико пред крајот на сезоната, но наредното лето сè е отворено.

Најнови вести