Корисничко име Лозинка Пријави се
23.11.2017

Гриезман го спаси Атлетико, нула во Торино, кикс на Манчестер

Петтото коло на Лигата на шампионите заврши со кикс на Манчестер јунајтед, кој беше поразен од Базел, како и со победите на Атлетико Мадрид, на ПСЖ...

Вчера, од 18 часот беа одиграни два натпревари, Челзи на гостувањето го совлада Карабаг, додека ЦСКА од Москва пред домашната публика ја победи Бенфика.
Избраниците на Жозе Мурињо во ова коло не успеаја да обезбедат пласман во наредната рунда, иако во Базел им беше потребен само бод. За да не дојде до тоа, се погрижи Ланг во 89-тата минута.
Во другиот натпревар од групата А, ЦСКА ја совлада Бенфика и сега доста се искомплицираа работите во групата.
Екипата на ПСЖ го демолира составот на Селтик со 7-1, иако гостите поведоа на стартот на натпреварот. Тоа ги налути домашните играчи, кои постигнаа седум голови.
Баерн од Минхен го совлада Андерлехт со 2-1, а и пред ова коло се знаеше дека од групата Б во наредното коло ќе одат францускиот и германскиот клуб.
Во групата Ц, Челзи претходно го победи Карабаг, а во последниот натпревар од групата, Атлетико остана во живот и ја победи Рома со 2-0. Головите ги постигнаа Антоан Гриезман и Гамеиро.
Во дерби-натпреварот на колото, Јувентус и Барселона одиграа 0-0. Мрежите мируваа, а Барселона се пласира во наредната рунда. Во другиот натпревар од групата Д, Спортинг го совлада Олимпијакос со 3-0.

Најнови вести