Корисничко име Лозинка Пријави се
08.12.2017

Роналдо по петти пат ја освои „Златната топка“

Без конкуренција – Роналдо по петти пат ја освои „Златната топка“

Португалскиот репрезентативец го повтори минатогодишниот успех кога наградата ја доби пред Лео Меси и Антоан Гризман, а најдобар беше и во 2008, 2013 и 2014 година.
Престижната награда се доделува од 1956 година, а Роналдо со пет трофеи на врвот на вечната листа се израмни со Лео Меси.
Португалецот во 2017 година со „кралскиот клуб“ го одбрани трофејот во Лигата на шампионите, ја освои националната титула во Шпанија прв пат по 2012 година, а извонредната година ја круниса со трофеите во Суперкупот на Европа и Суперкупот на Шпанија.
Роналдо пред еден месец по петти пат во кариерата беше прогласен за најдобар играч во светот и во изборот на ФИФА.
Оваа година во шпанското првенство постигна 17 голови, само два во новата сезона, во Лигата на шампионите запиша 19 голови, а во дресот на португалската репрезентација 11 пати беше стрелец – осум пати во квалификациите, два пати во Купот на конфедерациите и еднаш во прјателските натпревари.

Најнови вести