Корисничко име Лозинка Пријави се
06.12.2013

Бундеслигата го разгледува воведувањето на гол-технологијата

Рајнхард Раубал, претседателот на Бундеслигата, рече дека клубовите до март ќе одлучат дали ќе ја воведат гол-технологијата во првата и втората лига на германското првенство во фудбал.

„Клубовите до март ќе одлучат. Ќе видиме како ќе се покаже на Светското клупско првенство во Мароко. Бундеслигата ќе им ги претстави добрите и лошите страни на тој систем“, изјави Раубал.
Светското клупско првенство ќе се одржи од 11-ти до 21-ви декември.
Гол-технологијата користи седум камери кои можат милиметарски точно да утврдат дали топката ја преминала гол-линијата, а на судијата во рок од секунда му се испраќа потврден сигнал, кој ќе му помогне да донесе одлука.
Во декември минатата година системот беше успешно тестиран на Светското клупско првенство во Јапонија, а користен е и летоска на Купот на конфедерациите, додека англиската Премиер лига оваа сезона стана прво национално натпреварување кое користи гол-технологија.

Најнови вести