Корисничко име Лозинка Пријави се
26.10.2016

Куп на Германија: Баер засрамен, вечер на пенали

Баер од Леверкузен е елиминиран во шеснаесетфиналето на Купот на Германија од третолигашот Спортфренд Лоте по пеналите – 6-5 (1-1, 0-1).

Успехот на Спортфренд уште повеќе добива значење бидејќи од 79-тата минута екипата играше со играч помалку.
На Баер му тргна подобро откако Кевин Фоланд погоди во 25-тата минута за водство, но домаќините не се предадоа и само по две минути дојдоа до изедначување со голот на Роберт Хилберт, кој ја погоди сопствената мрежа.
До истекот на регуларниот тек немаше промени во резултатот, а Фоланд со голот во петтата минута од првото продолжение најави пласман за „фармацевтите“.
Но, Кевин Фрајбергер во последните минути донесе ново изненадување за својот тим и пенали, а со тоа и најголемата победа во историјата на клубот.
Изненадување направи и второлигашот Сандхаузен, победувајќи го бундеслигашот Фрајбург, исто така по пенали. Гостите по 63-тата минута од играта имаа 3-1, но тогаш во игра влезе Винченцо Грифо и направи пресврт за својата екипа.
Нил Петерсен од пеналот донесе продолжување на серијата на пенали, но гостите сепак имаа повеќе среќа и се пласираа понатаму.
По ударите од белата точка понатаму се пласира и Минхен 1860 на гостувањето кај Вирцбургер со 4-3 (0-0), додека Билефелд со минимален резултат славеше против Динамо во Дрезден.
Во натпреварите одиграни во вечерниот термин, Борусија во Менхенгладбах го порази Штутгарт со 2-0 (1-0), Хамбургер беше убедлив против третолигашот Халешер во гости со 4-0 (2-0), додека бундеслигашкиот дуел меѓу Ајнтрахт и Инголштад во Франкфурт е уште еден натпревар во низата кој победникот го донесе по пеналите – 4-1 (0-0).

Најнови вести